Macedonian School Council of NSW enroling now!




Macedonian show

Summary: Learn Macedonian through the Macedonian School Council of NSW. Details for classes for primary, secondary and adult levels at: macedonianschoolcouncilofnsw ( Наставата по македонски јазик започнува во првата недела на февруари, во сите македонски етнички училишта во Нов Јужен Велс. Наставата може да ја посетуваат ученици од 5-12 годишна возраст во основните училишта и од 12 - 18 годишна возраст во средните училишта. Покрај часовите за деца Македонскиот просветно училишен одбор одржува часови и за возрасни, секој вторник во 6.30 часот, во Културниот центар „ Илинден, веднаш до црквата „Света Петка, во Рокдаел. За повеќе информации каде и во кое време се одржуваат часовите по македонски јазик, погледнете во Македонскиот телефонски именик за НЈВ ( 2017), на страницата 137 или пратете порака на фејсбук: macedonianschoolcouncilofnsw Ако сакате да се отвори ново училиште во вашата област, потребно е да поразговарате со членовите на МПУО, кои ќе ги разгледаат условите и можностите и ќе ви помогнат да се отвори ново училиште. Многу е важно учениците да се запишат во првите две недели од учебната година, заради тоа што Министерството за образование на НЈВ им дава посебни сертификати на сите ученици што редовно, од почетокот на годината ги посетуваат часовите по македонски јазик.        )